Легендарниот голман Икер Касилјас и официјално се врати во Реал Мадрид. Тој е именуван за заменик директор во Фондација Реал Мадрид која петпати имаше свој камп и во Македонија преку компанијата „Спорт Арена“. Касилјас по завршувањето на активната фудбалска кариера сакаше да се кандидира за прв човек на шпанскиот фудбал, но во последен момент се премисли и доби понуда повторно да биде дел од „кралскиот клуб“.
Претседателот Флорентино Перез му понуди на Икер Касилјас да се вклучи во клупските структури и да придонесе за развој на „кралското фудбалско семејство“ во целиот свет.
Касилјас беше долггодишен капитен на Реал Мадрид, освои 19 титули и цели 25 години настапуваше во дресот на „кралскиот клуб“. Тој има 167 настапи за фудбалската репрезентација на Шпанија со која освои европски и светски титули.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













