Наполи ја доби жалбата на КОНИ, Апелациската комисија при Олимпискиот комитет на Италија и претходно службено загубениот меч (3-0) против Јувентус сепак ќе биде одигран. Најнова вест е дека познат е терминот на одигрување на натпреварот, 13 јануари следната година.
Ова дополнително ги отежнува работите за Јувентус кој има пеколен распоред и за 15 дена ќе мора да одигра дури пет натпревари. Згора на тоа, „старата дама“ синоќа загуби од Фиорентина убедливо (0-3) во Торино и тренерот Андреа Пирло чувствува уште поголем притисок.
Покрај дуелот со Наполи, Јувентус во тој период го очекуваат мечеви со Милан, Сасуоло и со Интер, а серијата ќе заврши со уште еден дуел против Наполи, како дел од Суперкупот на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













