
Францускиот првак Пари Сен Жермен одлучи да му даде отказ на германскиот стратег Томас Тухел. Шест месеци пред истекот на договорот завршува соработката меѓу клубот и досегашниот шеф на стручниот штаб, но раководството на „светците“ се согласило предвреме да го исплати целиот договор за Тухел и за неговите соработници.
Малку изненадувачки, по триумфот од 4-0 над Стразбур, утрово беше објавено дека ПСЖ и Томас Тухел ја прекинуваат соработката. „Ле Паризиен“ тврди дека ПСЖ се согласил да им исплати 7 милиони евра на Германецот и на неговите соработници од стручниот штаб.
Нов тренер на Пари Сен Жермен треба да биде Маурисио Покетино. Со него се договорени речиси сите детали и се очекува аргентинскиот тренер кој последен пат седеше на клупата на Тотенхем да биде официјализиран до крајот на денот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
