
Англискиот првак Ливерпул го дочека Боксинг Деј на првата позиција на табелата во Премиер – лигата, но Јирген Клоп сепак не е без проблеми. Египќанецот Мохамед Салах најави дека можеби ќе си замине од „Енфилд Роуд“, истакнувајќи дека бил разочаран од една постапка на менаџерот кој не му ја доверил капитенската лента на мечот против Митјиланд во Лигата на шампионите. Тоа направило да се чувствува дека не е доволно вреден во тимот на „црвените“.
„Во моментов единствена работа за некој да сака да го напушти Ливерпул е лошото време во Англија. Клубот е актуелен шампион, први се моментно на табелата во Премиер – лигата, сите добиваат одлични плати, а клубот ги има најверните фанови во светот и носи најубави црвени дресови. Ви тврдам дека нема „случај Салах“, тој само одговори на прашање, дали некогаш во иднина се гледа како фудбалер на Реал Мадрид или на Барселона. Зарем има некој фудбалер во светот кој би рекол „не“ на вакво прашање. Се е во ред, нема случај, освен некоја измислена приказна, но Ливерпул никого нема присилно да го држи во клубот. Ако било кој фудбалер сака да замине, никој не може да го задржи“, изјави Јирген Клоп.
Мохамед Салах има актуелен договор со Ливерпул до јуни 2023 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
