
Италијанскиот првак Милан сака да го засили тимот за вториот дел од сезоната во Серија А за максимално силно да го нападне шампионскиот трофеј. „Росонерите“ немаат освоено шампионска титула една деценија, а оваа сезона ја стартуваа на фантастичен начин. Тренерот Стефано Пиоли го намести мозаикот, тимот игра одлично, но треба и да се засили со неколку нови имиња.
Вилфрид Заха би бил големо засилување за крилните позиции, Милан го бара да дојде на позајмица до крајот на сезоната, со опција за комплетно откупување на договорот. Тој има важечки договор со англискиот премиерлигаш Кристал Палас до 2023 година.
Оваа сезона Заха веќе постигна осум гола и забележа две асистенции во составот на Кристал Палас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
