Колумбискиот интернационалец Радамал Фалкао во јануари ќе го напушти Галатасарај, информираат медиумите во Турција. Тој често беше повреден од стартот на сезоната, а заработува огромна плата во Галатасарај, па раководството на клубот бара спогодбен раскин на договорот.
34-годишниот напаѓач од почетокот на сезоната одигра осум натпревари и постигна пет гола, но ќе го напушти Истанбул иако има актуелен договор до јуни 2022 година.
Негова следна дестинација треба да биде МЛС – лигата во САД. Фалкао во богатата кариера го носеше дресот на Порто, Монако, Атлетико Мадрид, Челзи и на Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













