Францускиот интернационалец Осман Дембеле одбива да потпише нов договор со Барселона. Доколку тоа не се случи до крајот на сезоната, каталонскиот гигант ризикува тој да си замине од „Камп Ноу“ како слободен агент во јуни 2022 година.
Раководството на Барселона се обидува да го „врзе“ Дембеле за наредните три сезони, меѓутоа агентот на крилниот напаѓач засега умешно го одбегнува одговорот ниту пак најавува потпис на нов договор. Ова значи дека фудбалерот најверојатно ќе почека до истекот на договорот за да замине како слободен играч.
Дембеле е желба на Манчестер Јунајтед и на Јувентус и можеби и затоа фудбалерот засега не сака да преговара за продолжување на соработката со клубот од „Камп Ноу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













