Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ќе го продаде францускиот интернационалец Пол Погба по завршувањето на сезоната. Тој одбива да потпише нов договор со клубот од „Олд Трафорд“, а актуелниот истекува во јуни 2022 година. Тоа значи дека Погба ќе влезе во последната година од договорот што е и последна шанса за „црвените ѓаволи“ добро да заработат на негова продажба.
Реал Мадрид го загуби интересот за Погба, но затоа Јувентус и ПСЖ се уште сакаат да го видат одличниот играч за врска во своите редови. Јувентус испрати и понуда за размена оваа зима, но Манчестер Јунајтед веднаш ја одби понудата. „Старата дама“ сакаше да го добие понуда во размена за Арон Рамзи и Даглас Коста.
Манчестер Јунајтед во 2016 година плати 105 милиони евра за да го доведе Пол Погба од Јувентус на „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













