Connect with us

Ериксен доаѓа на „Олд Трафорд“?

Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен ќе биде големото засилување за Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок, најавуваат медиумите во Италија и во Англија. Тој до крајот на јануари ќе го напушти „Џузепе Меаца“, а во трката за негов потпис се впушти Оле Гунар Солскјер. 

Антонио Конте е согласен да го пушти Ериксен на позајмица, со опција за комплетно откупување на неговиот договор по завршувањето на сезоната.

Данецот нема ништо против да се врати во Премиер – лигата и би можел лесно да се договори со „црвените ѓаволи“.
 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови