Шпанскиот гигант Реал Мадрид упати закана до Интер дека мора да плати две рати од договорот за трансфер на Ашраф Хакими или ќе го врати фудбалерот на „Сантијаго Бернабеу“. Мароканецот од Реал Мадрид минатото лето за 40 милиони евра се пресели во Интер, а договорот беше „нероаѕурите“ да платат на четири рати од по 10 милиони евра.
Но, Интер не го почитува договорот. Првата рата требаше да биде платена до крајот на декември, втората треба да следи до 30 март, а Реал Мадрид упати допис до италијанскиот клуб со закана дека ќе го отповика фудбалерот поради неподмирени услови од договорот.
Ова, како што откриваат италијанските медиуми, е уште една потврда дека Интер е во финансиска криза, а кинеската компанијата „Сунинг“ предводена од семејството Жанг размислува за продажба на клубот од „Џузепе Меаца“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













