Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе е на крстопат. Пари Сен Жермен му нуди нов договор, а тој се уште не знае дали сака да остане на „Паркот на принцовите“ или да замине во Реал Мадрид.
Тој има договор со „светците“ до јуни 2022 година и ќе мора до крајот на сезоната да донесе голема одлука.
„Размислувам многу, бидејќи ако ставам потпис на нов договор, ќе го сторам тоа за да останам долго во Пари Сен Жермен. Среќен сум тука, тоа никогаш не било спорно. Но, треба добро да размислам што сакам да правам во следните неколку години, како сакам да се одвива мојата кариера. Не би сакал да ставам потпис на нов договор и по една година да сакам да заминам. Ако го продолжам договорот, тогаш во ПСЖ ќе останам неколку години“, изјави Мбапе.
Пари Сен Жермен ќе мора да го продаде Килијан Мбапе на крајот од сезоната доколку тој не потпише продолжување на дооворот со францускиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













