Connect with us

Манчестер Сити со пресврт до триумф во ФА купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити со пресврт во финишот успеа да стигне до триумф (1-3) против нисколигашот Челтенам во ФА купот и се пласираше во следната рунда од ова натпреварување. „Граѓаните“ за малку ќе му се придружеа на Арсенал меѓу елиминираните, но тимот на Пеп Гвардиола сепак успеа да извлече победа од ова гостување. 

Алфи Меј во 59.минута донесе изненадувачко водство за Челтенам, а Манчестер Сити силно нападна во финишот и направи пресврт. Фил Фоден во 81.минута израмни, а Габриел Хесус само три минути подоцна постигна и погодок за пресврт. Во судиското продолжение, Феран Торес стави точка на мечот. 

 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови