
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, е се поблиску до заминување од „Сантијаго Бернабеу“. Преговорите со клубот за продолжување на соработката не се одвиваат во добар правец, а тоа сака да го искористи Пари Сен Жермен,. Францускиот клуб испратил фантастична понуда на адреса на елитниот дефанзивец и инсистира тој на крајот од сезоната да се пресели на „Паркот на принцовите“.
Спортскиот директор Леонардо верува дека Серхио Рамос може уште неколку години да игра на врвно ниво и му понудил тригодишен договор на шпанскиот репрезентативец и плата од 15 милиони евра по сезона. Тоа е и многу повеќе од сумата што Рамос ја бара за да остане во составот на Реал Мадрид.
Најголемиот проблем во преговорите меѓу Флорентино Перез и Серхио Рамос е должината на договорот, „кралскиот клуб“ му нуди на капитенот соработка за само една сезона, а дефанзивецот сака да остане најмалку уште две сезони во Мадрид. И ова е апсолутно задоволено во понудата на Пари Сен Жермен, францускиот клуб му понуди загарантирани три сезони во дресот на „светците“. Очигледно дека ПСЖ не штеди пари за да го има капитенот на Реал Мадрид од следната сезона во своите редови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
