Проблемите за Наполи се зголемија по серијата лоши резултати. На отстрел е тренерот Џенаро Гатузо од кого се очекува да замине од Неапол. По поразот во Суперкупот на Италија од Јувентус, „наполитанците“ дозволија неочекувано да загубат и на гостувањето против Верона (3-1). Ако се знае дека претходно и Специја освои бодови на стадионот „Диего Армандо Марадона“, јасно е дека се вклучува алармот за итни случаи во клубот.
Медиумите во Италија најавуваат можна разделба меѓу Наполи и Гатузо. Подготвен како пушка е Масимилијано Алегри кој долго чека нов ангажман по заминувањето од Јувентус, а Аурелио де Лаурентис би сакал да го добие пред тој да постигне договор за да седне на клупата на Рома. И Пауло Фонсека е пред отказ во редовите на „волчицата“.
Од вчера се појави уште една опција за клупата на Наполи. Во Неапол е понуден Рафаел Бенитез, шпанскиот стратег кој ја напушти Кина и го раскина договорот со Далиен поради пандемијата на коронавирусот. Но, клубот прво ќе мора да расчисти со Џенаро Гатузо. Се чека оставка, затоа што отказ би можел многу да го чини Де Лаурентис при плаќањето на отштетата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













