Connect with us

Абрамович потврди: Донесена е најтешката одлука – отказ за Франк Лампард

Англискиот премиерлигаш Челси и официјално му даде отказ на Франк Лампард. Поради слабите резултати во изминатиот период, тој мора да замине од „Стемфорд бриџ“. Сопственикот Роман Абрамович истакна дека тоа е најтешката одлука која морал да ја донесе во клубот. 

„Ова беше многу тешка одлука за клубот и за мене, бидејќи имам прекрасни лични односи со Франк Лампард. Тој е голема личност, го има задолжено Челси со своите настапи и посветеноста, работеше напорно и на менаџерската позиција и секогаш ќе остане икона на клубот. Лампард секогаш ќе биде топло примен на „Стемфорд бриџ“, тоа е негов дом“, изјави Роман Абрамович откако се раздели со досегашниот менаџер.

Германскиот стратег Томас Тухел треба да биде именуван за нов менаџер на Челси. 

   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови