Connect with us

Каков потег на младиот тренер: Реал Мадрид го побарал Нагелсман за тренер од јуни, а тој – одбил?!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид размислува за промена на тренерската позиција по завршувањето на сезоната, а претседателот Флорентино Перез го пикирал младиот стратег на Лајпциг, Џулијан Нагелсман, за наследник на Зинедин Зидан. „Кралскиот клуб“ упатил и официјална понуда, но добил негативен одговор од Нагелсман.

Одличниот тренер на Лајпциг секојдневно е цел на големите европски гиганти. При секоја тренерска промена, Нагелсман се споменува како најголема желба на клубот да ја преземе фунцијата. Но, тој засега е лојален на бундеслигашот Лајпциг.

Нагелсман блесна на клупата на Хофенхајм, а во 2019 година направи трансфер во редовите на Лајпциг. Тој има договор со Лајпциг до јуни 2023 година. 
         

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови