Манчестер Сити оствари лесна и убедлива победа на гости против Вест Бромвич Албион совладувајќи го домашниот тим со 0-5. Со овој триумф тимот на Пеп Гвардиола се врати на врвот на табелата во Премиер – лигата со 41 бод, еден повеќе од градскиот ривал Манчестер Јунајтед.
„Граѓаните“ решоија се за едно полувреме. Гундоган беше двоен стрелец, погодија и Кансело и Махрез и Сити на одмор замина со предност од 0-4. Во вториот дел во листата на стрелците се запиша и Стерлинг.
Арсенал оствари триумф (1-3) на гости против Саутемптон и сега конкурира дури и за пласман во Лигата на шампионите. Домаќините поведоа со голот на Стјуарт Армстронг во третата минута, но Пепе израмни само пет минути подоцна, а Бакајо Сака му обезбеди предност на Арсенал на полувремето.
Во второто полувреме Александре Лаказет стави точка на триумфот за „топчиите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













