Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се уште ја избира најдобрата опција за продолжување на кариерата откако стана јасно дека е „непожелен“ во Спортинг Лисабон. Тој неколку месеци веќе тренира со Б-тимот на Спортинг Лисабон, а не игра ниту натпреварот. Тренерот Рубен Аморим му порача да побара нова средина уште во летниот преоден рок, но Ристовски одлучи да остане.
Сепак, сега најверојатно ќе мора да замине, а најреална и најблиска опција за него е италијанскиот калчолигаш Специја. Сопственик на клубот е Габриеле Волпи, кој беше прв човек на хрватскиот клуб Ријека во периодот додека Ристовски играше во овој клуб. Таа релација може да го пресели повторно во Италија.
За Стефан Ристовски има интерес и од Сасуоло, а од Грција се интересираат и Олимпијакос и АЕК.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













