Connect with us

Атлетико Мадрид се врати во колосек со триумфот над Валенсија (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид ја совлада Валенсија со 2-1 во натпреварот од 16. коло во шпанската Ла Лига и ја прекина серијата од два последовни порази.

Гостите воопшто не беа за потценување и имаа свои шанси да извлечат повеќе на „Ванда Метрополитано“, но домаќините не дозволија нов кикс пред својата публика.


Головите за „јорганџиите“ ги постигнаа Коке и Антоан Гризман, по еден во секое полувреме. Особено атрактивен беше погодокот на Французинот, кој одлично прими долга топка и ефектно ја смести во мрежата на „лилјаците“.

Валенсија израмни преку Лукас Белтран, кој во 63. минута со удар од далечина го совлада противничкиот голман, но немаше сили да стигне барем до бод на тешкото гостување во шпанската престолнина. Македонскиот голман Столе Димитриевски повторно остана на клупата за резерви.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови