Поранешниот играч за врска на Баерн Минхен, Ливерпул и на германската репрезентација, Дитмар Хаман, ја коментираше ситуацијата со тренерот Чаби Алонсо во Реал Мадрид. Двајцата беа соиграчи во Ливерпул во периодот 2004–2006.
„Расцепот во Реал Мадрид започна уште со церемонијата за доделување на „Златната топка“ во 2024 година, кога Винисиус и целиот клуб го бојкотираа настанот. На тој начин го натераа Бразилецот да се чувствува поважен од клубот.
Оваа есен дојде и натпреварот против Барселона, кога Винисиус беше заменет во 70. минута. Тој предизвика огромен шум, но не беше казнет од клубот.
Потоа тренерот беше целосно осуден – и тоа е само последица на она што се случуваше во последните месеци. Во моментов играчите се надвор од контрола и така, само за 5–6 месеци, Мадрид го прокоцка потенцијалот на најветувачкиот тренер“, смета Хаман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













