Реал Мадрид останува без капитенот Серхио Рамос во наредните седум седмици. Тој денеска ќе замине на операција на менискусот на коленото и ќе биде надвор од тимот до крајот на март.
Рамос повредата ја заработил на полуфиналниот меч од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао. Изминатиот период беше подложен на неколку тестови, а лекарските проценки беа дека сепак најдобро е повредата да биде санирана со хируршки зафат.
Капитенот се уште води преговори со клубот и околу продолжување на соработката. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и засега преговорите со Реал Мадрид не одат во посакувана насока.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













