Жерар Пике ја отвори темата за судењето во Ла Лига и тврди дека лутиот ривал Реал Мадрид, па дури и Атлетико Мадрид, имаат значителен „попуст“ кај арбитрите. Тврди дека најголем број од судиите живеат и работат во Мадрид.
„Еден бивш судија, мислам дека беше Итуралде, рече дека 85% од судиите се од Мадрид. Па, тогаш, како не би суделе во корист на Реал Мадрид? Или можеби Атлетико? Не велам дека е тоа намерно, но сепак, има некоја внатрешна пристрасност. Сигурно нема да судат за ривалите на мадридските клубови“, изјави Жерар Пике.
Барселона и Реал Мадрид во моментот имаат по 40 бода на втората и на третата позиција, а на врвот е Атлетико Мадрид со дури десет бода повеќе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













