
Џенова ја оствари третата последовна победа во Серија А, а во главна улога беше Горан Пандев кој со два гола го урна Наполи, својот поранешен клуб каде сега настапува Елиф Елмас. Гранде Мачедоне првиот гол го постигна во 11.минута, потоа надоврза уште еден во 26.минута и на средина од вториот дел му отстапи место на помладиот Скамака.
Матео Политано во завршницата намали на 2-1 со погодокот во 79.минута, но Наполи не успеа да се избори барем за реми. Елиф Елмас беше стартер на овој меч во дресот на „наполитанците“. Имаше две убави шанси, но не постигна погодок за да му парира на Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
