Класата е вечна, а безвременскиот Горан Пандев постигна два гола за Џенова против „својот“ Наполи и ја крена Италија на нозе. Тој стигна до бројката од 97 гола во Серија А и изби на првото место на вечната листа на голгетери од екс-Југославија во Калчото.
Сите се воодушевени, а голманот на Џенова, Матија Перин, ја откри и другата страна на „Ил Гранде Мачедоне“ – човечката големина на капитенот на македонскиот национален тим.
„Пандев е неверојатен шампион, колку е голем не се опишува со зборови. Тој е пред се голем човек, тоа го прави шампион. Секогаш тренира максимално, кон никого нема погрешен збор, тој е секогаш пример за лидер. Многумина се прашуваат како освои се. Поседува неверојатна човечка големина. Бев и во Јувентус, но не видов некој сличен како Пандев. Тој има неверојатна човечност, сите треба да учиме од него“, изјави Матија Перин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













