Давиде Балардини се врати на клупата на Џенова и го препороди тимот. Трета победа во низа оствари синоќа Џенова, а во главна улога беше Гранде Пандев. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација ги постигна двата гола во триумфот (2-1) против Наполи.
Тренерот Давиде Балардини е одушевен од неговото издание, како впрочем и цела Италија.
„Да го имаш Пандев во тимот, тоа значи моќ во рацете на тренерот. Чест ми е што го тренирам во Џенова, ние соработуваме долг период. Тој е пример за другите, неверојатно интелегентен и скромен фудбалер. И сум му кажал…не сакам пред мене да ја споменува пензијата. Ќе видиме, мислам дека може да игра најмалку уште една сезона, но тој ќе го има последниот збор. Сакаме да уживаме во оваа сезона“, изјави Давиде Балардини по триумфот над Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













