Репрезентацијата на Македонија до 20 години, предводена од селекторот Александар Таневски, денеска од 18:30 часот против Лихтенштајн ќе го одигра својот прв контролен натпревар. Мечот е закажан на гостински терен, во Шан, Лихтенштајн. Нашиот предводник смета дека тимот е мотивиран и има желба да се претстави во одлично издание на мечот во Лихтанштајн.
„Пред нас е првиот натпревар на репрезентацијата до 20 години против Лихтенштајн до 21 година. Деновиве работевме концентрирано и со јасна идеја да поставиме квалитетен темел во нашата игра. Тимот е млад, мотивиран и има силна желба достоинствено да се претстави. Го почитуваме противникот, но нашиот фокус е на сопствената игра, дисциплина и колективна работа. Верувам во момците и во нивната способност да одиграат организирано на терен.
Исто така, сакам да изразам голема благодарност до Фудбалската федерација на Македонија за целосната поддршка и условите што ни ги обезбеди. Кога работиме во професионална и стабилна атмосфера, можеме да растеме и како поединци и како тим. Убеден сум дека ќе го дадеме максимумот и дека ќе ја претставиме Македонија на вистински начин“, изјави Александар Таневски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички
Интернационалци
Александар Трајковски се приклучи на Локомотива Загреб













