Connect with us

Манчестер Сити веќе го знае наследникот на Пеп Гвардиола

Пеп Гвардиола ќе ја заврши соработката со Манчестер Сити во јуни 2027 година, а во клубот веќе имаат фаворит за негов наследник. Тоа е актуелниот тренер на Баерн Минхен, Венсан Компани.

Белгиецот ненадејно доби шанса да го предводи Баерн и тоа го прави одлично. Тој пристигна во клубот во летото 2024 година и се покажа дека неговиот ангажман е апсолутно вистински потег за Баварците.

Тимот од Минхен игра навистина феноменално. Офанзивниот фудбал е нешто што ги привлекува апсолутно сите, па така и Компани го привлече вниманието кон себе.

Манчестер Сити ја следи ситуацијата со 39-годишниот стратег. Со оглед на тоа што Пеп Гвардиола заминува во јуни 2027 година, „граѓаните“ го гледаат својот поранешен капитен како идеална замена на менаџерската позиција.

Компани како нов менаџер на Манчестер Сити го гледа и легендата на Баерн, Ули Хенес. Тој тврди дека тој би бил идеален наследник на легендарниот Шпанец.

„Компани многу научи од Пеп Гвардиола. Кога нашиот Макс Еберл го предложи како трета или четврта опција за тренер, јас и Карл-Хајнц Румениге го повикавме Пеп и го прашавме за мислење. Тој ни кажа сѐ најдобро за него: ‘Можете веднаш да го земете, фантастичен тренер е. Тој ќе го преземе Манчестер Сити кога јас веќе нема да бидам тука.’ Венсан доаѓа во 7:30 наутро и си оди во 18 часот навечер. Разговара со играчите, сака да ги направи подобри“, изјави Ули Хенес.

Белгиецот е икона на клубот и поранешен капитен на Сити. Играше за овој тим цели 11 години и одигра 360 натпревари, а тие би биле и многу повеќе доколку повредите не го спречуваа.

Нема дилема дека ќе ја искористи шансата да стане менаџер на тимот во кој стана голема ѕвезда. Тоа би било исполнување на неговиот сон.

Тренерската кариера ја започна во Андерлехт, а го водеше и тимот на Барнли.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови