Connect with us

Проблемот на Јувентус е уште поголем: Влаховиќ мора да оди и на операција

Голем проблем за Јувентус претставува повредата на Душан Влаховиќ.

Српскиот напаѓач заработи тешка повреда на натпреварот против Калјари и првичните прогнози се дека ќе мора да паузира три месеци. Новите информации велат дека ќе мора и да биде опериран.

Вчера Јувентус официјално се огласи во врска со повредата на Влаховиќ, додека „Газета дело Спорт“ ја негираше информацијата дека паузата ќе трае само еден месец и потврди дека ќе биде најмалку три месеци.

Судејќи по сè, тоа е точно. Враќањето на Душан Влаховиќ може да се очекува дури во март.

Сега се поставува прашањето каде ќе биде извршена операцијата.

Влаховиќ досега има постигнато осум гола оваа сезона, а важно е да се напомене дека неговиот договор со Јувентус истекува во 2026 година. Со оваа повреда, шансите да остане во клубот стануваат сè помали.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови