Барселона оствари важен триумф на гости (2-3) против Бетис и го држи чекорот со Реал Мадрид, а заостанува седум бода зад лидерот Атлетико Мадрид.
Неизвесен дуел преполн со возбудувања и голови одиграа двата тима во Севилја. Борха Иглесијас при крајот на првиот дел донесе водство за Бетис, а израмни Лео Меси во 57.минута. Виктор Руиз си постигна автогол за предност на Барса, но потоа и се исправи со погодок зад грбот на Тер Штеген.
Во завршницата, Тринкао постигна победнички гол за Барселона во 87. минута.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













