Прославениот српски фудбалер Драган Стојковиќ Пикси треба да биде нов селектор на фудбалската репрезентација на нашиот северен сосед. Истовремено, тој ќе биде и најплатениот фудбалски селектор досега на кормилото на Србија.
Преговорите се речиси завршени, но беше оставен простор за Пикси да ги среди формалностите со неговиот поранешен клуб Гвангжу РФ. Кинескиот клуб имаше клаузула во договорот според која Драган Стојковиќ не смее да преземе друг клуб или селекција во наредните две години или ќе треба да врати дел од парите, вкупно 8 милиони евра кои треба да ги добие за предвремената разделба.
Според избори на „Спортски Журнал“, Драган Стојковиќ Пикси како селектор на Србија ќе заработува 50.000 евра месечно, односно ќе добие 1,2 милиони евра за двегодишниот договор. Има и дополнително вклучен бонус од еден милион евра доколку Пикси со селекцијата на Србија оствари пласман на Светското првенство во Катар.
Прв асистент на Драган Стојковиќ во стручниот штаб треба да му биде Бошко Ѓуровски, поранешниот македонски селектор кој своевремено работеше со Пикси во Јапонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













