Австрија, Белгија, Шкотска и Шпанија се последните четири репрезентации кои обезбедија директен пласман на Светското првенство 2026 година. Со тоа тие им се приклучија на Германија, Швајцарија, Франција, Португалија, Холандија, Норвешка, Англија и Хрватска на списокот на европски репрезентации кои претходно го постигнаа тоа.
Белгија вечерва имаше најлесна задача, бидејќи на домашен терен ja пречека слабата репрезентација на Лихтенштајн која немаше никакви шанси за прв гол и први бодови во квалификациите. Белгиските фудбалери славеа со 7-0 благодарение на головите на Ханс Ванакен, Џереми Доку (два), Брендон Мехеле, Алексис Салемакерс и Шарл де Кетелере (два).
Шпанците одиграа 2-2 против Турција во меч во кој единствено не смееја да изгубат со разлика од седум или повеќе голови за да обезбедат пласман на СП. Дани Олмо го донесе водството за Шпанија со гол во четвртата минута, додека Турците направија пресврт со головите на Дениз Гула и Салих Озџан. Конечниот резултат во 62. минута го постави Микел Ојарзабал.
Најголемата драма во борбата за пласман на Светското првенство се случи во Шкотска, каде што домашниот тим имаше потреба од победа против Данска за пласман на првото Мундијалско натпреварување по 1998 година. Тоа го постигна со победа од 4-2.
Шкотите поведоа со гол на Скот Мектоминеј во третата минута, а Данците израмнија со гол на неговиот соиграч од Наполи, Расмус Хојлунд, од пенал во 57. минута. Само четири минути подоцна, Данците останаа со играч помалку откако црвен картон доби Расмус Кристенсен.
Шкотска повторно поведе со голот на Лоренс Шанкланд во 78. минута, но само три минути подоцна Патрик Дорг го израмни резултатот на 2-2. Домаќините обезбедија пласман на Светското првенство во судиското надополнување, кога Киран Тирни и Кени Меклејн постигнаа голови во 93. и 98. минута за вистинска еуфорија во Шкотска.
Сите резултати од вечерашните натпревари
Косово – Швајцарија 1-1
Шведска – Словенија 1-1
Белорусија – Грција 0-0
Шкотска – Данска 4-2
Бугарија – Грузија 2-1
Шпанија – Турција 2-2
Австрија – Босна и Херцеговина 1-1
Романија – Сан Марино 7-1
Белгија – Лихтенштајн 7-0
Велс – Македонија 7-1
Европски репрезентации кои обезбедија директен пласман на СП
Австрија
Белгија
Англија
Франција
Хрватска
Холандија
Норвешка
Германија
Португалија
Шкотска
Шпанија
Швајцарија
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













