МАКФУДБАЛ во Кардиф,
Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од 3-1 по првото полувреме од квалификацискиот дуел против Велс, последен во циклусот за СП 2026.
Велс почна фуриозно од стартот, а Дејвид Брукс најави дека островјаните се заинтересирани да поведат што е можно побрзо. Во петтата минута, шутираше над гредата, но во 18.минута изнуди пенал, откако Стојчевски минимално стартуваше над него по проигрувањето од Даниел Џејмс.
Хари Вилсон беше успешен реализатор на најстрогата казна.
Три минути подоцна Бренан Џонсон претрча по левата страна, го проигра Брукс на пеналтикот, а тој зголеми на 2-0.
Но, Македонија експресно се врати во мечот. Во 23.минута, Дарко Велковски одлично го проигра Бојан Миовски кој влезе во шеснаесетникот и со прецизен удар ја затресе противничката мрежа.
Велс продолжи да напаѓа, Неко Вилијамс беше блиску до трет гол, но Столе Димитриевски одбрани, а и дирекот беше наш сојузник.
Сепак, во 37.минута, Бренан Џонсон упати проектил од 25 метри и погоди во горниот агол за 3-1.
Енис Барди се обиде од слободен удар во 42.минута, но Дарлоу беше внимателен и исфрли во корнер.
Во второто полувреме, македонските фудбалери ќе треба да надоместат два гола, доколку сакаме да останеме непоразени во Кардиф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













