Карим Бензема ја отфрли можноста да стави крај на својата фудбалска кариера по завршување на оваа сезона. Поранешниот француски репрезентативец моментално настапува за саудискиот Ал-Итихад, а неговиот договор со клубот истекува следното лето.
Напаѓачот откри дека има понуди од Европа и не ја исклучува можноста да се врати во Реал Мадрид поради претседателот на клубот, Флорентино Перез.
„Во моментов сум многу среќен тука. Сè уште не можам да кажам дали ќе останам или ќе заминам. Во декември полнам 38 години. Можам да играм уште две години, физички се чувствувам одлично. Реал Мадрид? Ако Флорентино Перез сè уште е таму, можам да се вратам во клубот. Јас сум навивач на Реал Мадрид, тоа го чувствувам во душата. Ќе видиме што ќе се случи, ако тој и понатаму е таму“, изјави Бензема за „АС“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













