Младата фудбалска репрезентација до 21 година денеска (17 часот) ќе го одигра својот шести квалификациски натпревар на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Противник ќе биде водечката селекција во групата, Полска, која цврсто чекори следниот европски шампионат. Тоа значи дека предизвикот е сериозен.
Полска поседува врвен квалитет, што го покажа на претходните пет средби – постигна 17 гола и прими само еден, против Италија.
Од друга страна, избраниците на Горан Станиќ можат да се пофалат само со победата над Ерменија во Битола со 2-1, додека останатите средби ги загубија.
Пред четири дена, Македонија доживеа пораз од Шведска на домашен терен со 1-4, и ако има нешто позитивно што треба да се извлече од тој настап, тоа се првите триесетина минути. Потоа, се распадна стратегијата, Шведска ги искористи нашите грешки и постигна четири гола.
Тоа не смее да се повтори против Полска, затоа што се работи за уште посилен ривал кој убедливо славеше и на првиот меѓусебен дуел на домашен терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













