Connect with us

Барди: Притисокот да го замениме со уживање…и да ја оствариме целта

МАКФУДБАЛ во Кардиф,

Фудбалската репрзентација на Македонија вечерва (20.45 часот) го игра последниот меч од квалификациите за СП 2026. Велшаните треба да победат за второто место, а ние доколку не загубиме ќе се пласираме веднаш зад Белгија, која се очекува да биде убедлива на домашен терен против Лихтенштајн.

Македонија има серија од 14 натпревари и без пораз и сака да ја продолжи и вечерва на Островот. Велс сигурно ќе биде агресивен, со нагласена желба за победа, но капитенот Енис Барди има рецепт како да се отфрли притисокот.

Треба едноставно да се ужива во дуелот и да се најде начин за остварување на нашата цел.

„Да бидам искрен, ние, како што рече селекторот, понекогаш поради притисокот дека сакаме да дадеме сè од себе, забораваме да уживаме во моментот додека сме на терен. Забораваме на основното – љубовта кон фудбалот и љубовта кон репрезентацијата и нејзиниот успех. Забораваме дека веќе навистина сме постигнале успех и дека сме 14 натпревари по ред без пораз. Затоа и јас сакам утре секој од нас да ужива на теренот и низ максимална борба гордо да дојдеме до посакуваниот резултат. Сите чувствуваме дека цела Македонија е зад нас, ја чувствуваме таа поддршка, без разлика што ќе имаме само 700 навивачи согласно правилата на ФИФА на трибините. Но, знаеме дека целата држава е со поддршка за нас“ – рече Барди и додаде:

„И не сакам некој да ме разбере погрешно… Под тоа уживање не се подразбира дека треба релаксирано да пристапиме на мечот и да бидеме задоволни само што сме дошле до тука. Напротив. Секој од нас е повеќе од свесен за тоа што не чека, а тоа уживање во фудбалската игра може само да ни помогне полесно да го покажеме целиот свој квалитет на теренот“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови