Connect with us

Не е сеедно…дали Македонија ќе загуби или не…Кои се можните ривали за баражот?

МАКФУДБАЛ во Кардиф,

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва гостува кај Велс и на стадионот во Кардиф ќе се бори за историја, првпат да заврши како второпласирана во група од светски квалификации. Тоа само покажува дека селекторот Благоја Милевски и фудбалерите и досега беа фантастични, а вечерва ќе треба да се постави и јаготката на шлагот од тортата.

Завршуваат мундијалските квалификации, па цела Европа е преокупирана со калкулации. Што ќе биде ако Македонија не загуби, дај Боже и да победи…а што ќе биде доколку загуби од Велс во Кардиф.

Не е сеедно, беше пораката на една одлична реклама за сокови од кај нашиот северен сосед. Воопшто нема да бидат исти следните ривали, токму во баражот за Светското првенство.

Нема да правиме калкулации дека Лихтенштајн би ја победил Белгија на гости. Тоа е речиси невозможно.

Со победа или реми на Македонија против Велс, а победа на Белгија против Лихтенштајн, Македонија ќе го освои второто место во групата и ждрепката за баражот за СП 2026 ќе ја очекува од третиот шешир. Во еден таков случај можни противници во полуфиналето ќе ни бидат репрезентациите од вториот шешир: Р. Ирска, Шкотска, Чешка, Словачка или Австрија.


При пораз на Македонија од Велс, тогаш нашата репрезентација ги завршува квалификациите како третопласирана, и обезбедува бараж за СП 2026 преку Лигата на нации, очекувајќи ја ждрепката од четвртиот шешир. Во тој случај, можни противници во полуфиналето од плејофот ќе ни бидат селекциите од првиот шешир: Италија, Турција, Украина и Полска/ Данска или Австрија.

Не е сеедно…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови