Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, беше исклучително задоволен од убедливата победа со 6-0 над Словачка во последното коло од светските квалификации. На тој начин Бундестимот се реваншираше за неочекуваниот пораз во Братислава во септември, а со триумфот обезбеди виза за Мундијал 2026.
Германија се пласира на Светско првенство по 21. пат, а само Бразил има повеќе настапи (23).
„Фудбалерите го дадоа максимумот, одигравме навистина одличен натпревар. Нашата работа се исплатеше, постигнавме убави голови и запишавме убедлива победа. Немам на што да се пожалам. Не потклекнавме под притисок и покажавме тимски дух. Горд сум на екипата“, изјави Нагелсман.
Германците постигнаа четири погодоци уште во првото полувреме, а по паузата додадоа уште два.
„Од првата минута не им дозволувавме да создаваат шанси и бевме креативни. Се надевам дека навивачите уживаа во нашата игра. Прекрасно е да се игра за Германија и ми е драго што се пласиравме на Светското првенство“, изјави напаѓачот Ник Волтемаде, кој беше автор на првиот гол во мрежата на Словачка.
21 – Germany has qualified for the World Cup for the 21st time, surpassed only by Brazil (23, including 2026). Anticipation. pic.twitter.com/Y793iSFl8R
— OptaFranz (@OptaFranz) November 17, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













