Connect with us

Мишов: Тиквеш посакува позитивната серија да продолжи

Тиквеш во ова коло од ПМФЛ влегува со позитивно расположение. Ретка ситуација сезонава за кавадарчани, кои имаат огромни проблеми на резултатски план.

Сепак, новиот тренер, Борче Христов, очигледно дека ги постави нештата како што треба па Тиквеш на последните два меча освои четири бода.

Тоа на кавадарчани им дава надеж дека ќе извлечат позитива и денеска на Арената против Вардар, во дуелот кој стартува од 13 часот.

„Секако дека играњето на Арената и дуел против Вардар е мотив повеќе за секого, па и за нас. Ние добро стартувавме со новиот тренер, посакуваме таа наша позитивна серија да продолжи и да се извлечеме од резултатската криза полека, но сигурно. Респект за противникот, знаеме кон што се стреми Вардар, но ние имаме свои амбиции и мотиви“ – вели Александар Мишов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови