Во меч од 13. коло во домашниот фудбалски шампионат, денеска на Арената Тодор Проески Вардар го пречекува Тиквеш, а почетокот е закажан за 13 часот.
Домаќинот се бори и натаму да го задржи статусот на лидер на табелата додека гостите да влезат во победничка низа со која ќе излезат од опасната зона.
Вардар во овој дуел влегува по гостувањето во Битола и победата над Пелистер. Струга ТЛ вчера обезбеди нов триумф па сега Вардар треба да го стори истото за во репрезентативната пауза да влезе како првопласиран.
„Нашата серија на мечеви без пораз е сѐ уште активна. Тоа не смее никој да го заборави. Вардар нема пораз, и според мене така и ќе остане. Нашата цел се знае. Победа на секој меч, освојување бодови, и нормално, лидерска позиција. Тоа е Вардар. Респект за Тиквеш, тимот каде што настапував пред да пристигнам во Вардар. Тоа не е тим кој што треба да е на самото дно на табелата има далеку повеќе квалитет, но сепак, според мене тоа нема премногу да ги промени нештата денеска на Арената. Вардар оди на победа како и секогаш“ – изјави Михаил Маневски за сајтот на ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













