Неверојатната победничка низа на Баерн Минхен заврши по 16 последовни триумфи, откако на гостувањето кај Унион Берлин само ремизираше, 2-2. Хари Кејн ги спаси баварците од пораз со гол во 93. минута.
Данило Доеки беше главен играч на Унион Берлин, постигнувајќи два гола – во 27. и 83. минута. Најимпресивниот момент на мечот беше погодокот на Луис Дијаз во 38. минута, кога стрелаше речиси од „мртов агол“.
Баер Леверкузен доминираше со убедлива победа од 6-0 над Хајденхајм. Патрик Шик и Ибрахим Маза погодија по двапати, додека останатите два гола ги постигнаа Хофман и Поку.
Хофенхајм го совлада Лајпциг со 3-1, додека натпреварот меѓу Хамбургер и Борусија Дортмунд заврши 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













