Connect with us

Тотенхем и Манчестер Јунајтед одиграа револверашко реми (2-2) во Лондон (ВИДЕО)

Тотенхем и Манчестер Јунајтед одиграа драматично реми (2-2) во натпреварот од 11. коло на Премиер лигата.

Во 32. минута Манчестер Јунајтед дојде до водство по нафрлување на Амад Дијало, топката го „закачи“ Брајан Мбеумо и отседна во мрежата за 0-1. До крајот на првото полувреме резултатот остана непроменет.

Во второто полувреме Јунајтед имаше контрола на играта и создаде неколку шанси преку Бруно Фернандеш и Бењамин Шешко, но без погодок. Во 71. минута се повреди Хари Мегваер, а тренерот Аморим ги внесе Мануел Угарте, Лени Јоро и Мејсон Маунт за да го освежи тимот.

Изгледаше дека Тотенхем е безидеен во нападот и Јунајтед е поблиску до победата, но Матис Тел израмни во 84. минута, само пет минути откако влезе во игра.

Во драматичниот финиш, Ришарлисон донесе радост за домаќините со погодок во 91. минута, но Јунајтед одговори преку Матијс де Лихт, кој со удар со глава во 96. минута донесе израмнување за својот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови