Тимот на Барселона се врати во својот дом, „Спотифај Камп Ноу“, кој подолго време е во процес на реновирање. Денес напладне, по точно 894 дена, составот на Ханси Флик одржа отворен тренинг на стадионот со овации на 21.795 навивачи кои купија билети за настанот.
Се очекува наскоро шампионот повторно да почне да игра и официјални натпревари таму. Ова би требало да стане реалност или на 22 ноември на домашниот меч против Атлетик Билбао, или една недела подоцна (29 ноември) против Алавес — датум што се совпаѓа со 126-годишнината на клубот.
Како што е познато, на почетокот Барса ќе игра пред ограничен капацитет, бидејќи работите на делови од стадионот сè уште траат и тие зони ќе останат затворени. Во моментов се чека дозвола која ќе овозможи на обновениот „Камп Ноу“, со вкупен капацитет од над 100.000 гледачи, да прими 45.000 посетители на трибините.
Тимот веќе има право да игра пред 27.000 навивачи, но клубот пресметал дека тоа не е финансиски исплатливо, па затоа ќе се почека дозволата за 45.000 гледачи.
Последниот натпревар на Барселона на сопствениот стадион беше во мај 2023 година и заврши со победа од 3-0 против Мајорка. Оттогаш машкиот тим игра на Олимпискиот стадион „Монжуик“, а одигра и два натпревари на својата тренинг база.
Денешното присуство на навивачите ќе послужи и како технички и оперативен тест за проверка на правилното функционирање на системите, пристапите и другите аспекти на објектот, како дел од процесот на неговото постепено повторно отворање. Фановите беа сместени во деловите „Трибуна“ и „Гол Сур“, кои се дел од Фаза 1А — за која клубот веќе има добиено лиценца за почетна експлоатација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













