Реал Мадрид соопшти дека играчот од средниот ред, Аурелиен Чуамени, заработил повреда на левиот бутен мускул, поради што ќе го пропушти настапот за репрезентацијата на Франција на претстојните квалификации за Светското првенство против Украина (13 ноември) и Азербејџан (16 ноември).
„По прегледите извршени од медицинскиот тим на Реал Мадрид, на нашиот фудбалер Аурелиен Чуамени му е дијагностицирана повреда на бутниот мускул на левата нога. Ќе го следиме неговиот напредок“, стои во соопштението на шпанскиот клуб.
Tchouameni medical report.
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) November 6, 2025
Ова доаѓа два дена по поразот на Реал Мадрид од Ливерпул со 1-0 во четвртото коло од Лигата на шампионите.
Иако не е прецизирано колку долго Французинот ќе отсуствува од терените, шпанските медиуми наведуваат дека ќе паузира околу три недели. Од почетокот на сезоната 2025/26, Чуамени е стандардeн првотимец на Реал Мадрид и досега одигра 15 натпревари во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













