Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Летонија (13.11.) и Велс (18.11.) од квалификациите за СП 2026.
„Списокот е речиси идентичен со претходниот, со дополнување на Димоски, Трапановски и Ќамили, кои не беа со нас во октомври. Се надевам сите ќе останат здрави и подготвени за повикот во понеделник. Ни претстојат контролен меч со Летонија и последниот квалификациски натпревар против Велс, добра можност за мини подготовки пред важниот предизвик.
Немав забелешки по дуелот со Казахстан, сите одиграа на високо ниво. Промените во текот на мечот беа тактички, во функција на тимот. Мечот со Летонија ќе го искористиме за да им дадеме шанса на играчи со помала минутажа и да пробаме одредени идеи, секако, важен е и за ФИФА ранкингот и идната ждрепка.
Без разлика на тоа што мал дел од фудбалерите имаат континуирана минутажа во клубовите, секогаш даваат максимум во дресот на Македонија. За мене тие се феномени. Да играш на вакво ниво без ритам е за почит. Секој си го заслужил местото во репрезентацијата.
Жал ми е што ќе недостига Алиоски, тој е важен за нас, но ова е шанса за другите да се наметнат. Против Велс одиме со ист пристап, без калкулации, со желба за победа и докажување дека Македонија со право е меѓу најконкурентните во баражот за Мундијал“, изјави селекторот Милевски.
Собирот на репрезентацијата е закажан за 10. ноември. На табелата од квалификациите за СП 2026, Македонија е на второто место со 13 бодови, еден помалку од лидерот Белгија. Велс е на третото место со 10 бодови и натпревар помалку од нашата најдобра селекција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













