Connect with us

Шкендија е вистински тим: „Форца Ване“, поддршка за повредениот Ване Крстевски

Фудбалерите на Шкендија го одработија последниот официјален тренинг пред утрешниот дуел со Јагиелонија, а потоа заедно со стручниот штаб упатија емотивна поддршка за својот соиграч Ване Крстевски.

Крстевски, кој неодамна заработи тешка повреда и ќе мора подолго време да паузира, доби силна порака од соиграчите кои се фотографираа со транспарент и дресови со неговиот број, во негова чест.

Гестот на тетовци уште еднаш покажа дека тимскиот дух и заедништвото се меѓу најголемите адути на Шкендија во пресрет на новиот европски предизвик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови