Челси одигра само 2-2 на гостувањето во Азербејџан против Карабах. Во исто време, шпанскиот Вилјареал изненадувачки загуби на Кипар од тимот на Пафос со 1-0. Изненадувачки почна денешната програма на Лигата на шампионите.
Челси поведе во 16. минута преку Естевао, но Карабах успеа да направи пресврт уште до крајот на првото полувреме. Леандро Андраде израмни во 29, минута, а Јанковиќ од пенал му донесе водство на азербејџанскиот тим пред паузата.
Во второто полувреме, Алехандро Гарначо го постави конечниот резултат 2-2.
Во другата средба, Пафос славеше над Вилјареал со 1-0 благодарение на погодокот на Дерик Лукасен во 47. минута од натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













