Вардар уште еднаш го победи Пелистер во вечното дерби, овојпат со 1-2 во 12. коло на Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот на „Петар Милошевски“ се одигра во динамично темпо, пелистерци покажаа отпор против фаворитот и лидерот во лигата, но на крајот немаа сили за изненадување. Пресуди повторно – пенал за Вардар.
Вардар стартуваше подобро, и првата закана дојде по еден корнер во воведните минути, додека голманот Јовчевски направи серија невнимателности. По нафрлувањето на Давид Бабунски, стоперот Мислав Матиќ не ја погоди рамката од голот. Неколку минути подоцна, по добар продор на Роџерс Мато, Бабунски се обиде, но ударот заврши високо кон голот.
На спротивната страна, во средината на полувремето, Пелистер имаше прва сериозна шанса преку удар на Вилдан Керим од далечина, но крај голот.
Во второто полувреме, Вардар повторно тргна подобро. Роџерс Мато со удар од околу дваесетина метри го матира Јовчевски за водство од 0-1 во 54. минута. Ова беше негов 11. погодок во сезоната и втор на дерби-дуелите против Пелистер.
Сепак радоста на гостите траеше кратко, бидејќи само шест минути подоцна Петар Петковски донесе израмнување. По ударот на поранешниот вардарец Стефан Спировски, кој го одбрани голманот Давор Талески, одбиената топка стигна до Петковски кој ја смести во мрежата за 1-1.
Следната шанса за Вардар ја имаше Азер Омерагиќ, кој од изгледна позиција не успеа да реализира.
Во завршницата на мечот, стрелецот на израмнувачкиот гол Петковски направи несмасен потег во дуел со Димитар Данев и стартуваше од зад грб во шеснаесетникот, па судијата Грујоски без размислување досуди пенал.
Горан Закариќ ја презеде одговорноста и рутински реализира за 1-2 во 83. минута. До крајот Пелистер се обиде да се врати, но немаше сили за пресврт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













