Connect with us

ПСЖ загуби од Баерн, но загуби и уште три ѕвезди за подолг период

Осман Дембеле, Ашраф Хакими и Нуно Мендеш, кои се здобија со повреди на натпреварот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите (1-2), ќе отсуствуваат од терените неколку недели, објави клубот.

Хакими, кој го напушти теренот во солзи поради груб старт од Луис Дијаз, „страда од тешко исчашување на левиот скочен зглоб, што ќе го оддалечи од терените подолг период“, соопштија од ПСЖ.

Само една недела откако првпат беше стартер, добитникот на „Златната топка“, Осман Дембеле, стана „жртва на повреда на левиот лист и ќе се опоравува во наредните неколку недели“.
Португалскиот репрезентативец Нуно Мендеш, пак, има повреда на левото колено, додадоа од клубот, кој ја освои Лигата на шампионите минатата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови