Connect with us

Елмас: „На располагање сум на Конте каде и да бидам потребен во тимот“

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас изјави дека е подготвен да му биде на располагање на тренерот на Наполи, Антонио Конте, „каде и да е потребен“ во продолжението од сезоната. Тој е способен брзо да се адаптира на различни позиции во составот, а синоќа беше стартер и еден од најдобрите во составот на „партенопеите“ на мечот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт (0-0).

Елмас зборуваше за својата улога во тимот на Наполи:


„Понекогаш е тешко да се игра на повеќе позиции, бидејќи некои навивачи не разбираат каде точно можам да настапувам, но јас сум тука за тренерот и ќе играм каде што сум потребен“, изјави Елмас за „Скај Спорт Италија“.

Елмас се врати во Наполи летово, на позајмица со опција за откуп вредна 16 милиони евра. Македонскиот репрезентативец го напушти клубот на почетокот на 2024 година и прејде во Лајпциг, но таму не успеа да се прилагоди. Во втората половина од минатата сезона беше позајмен на Торино, каде што настапуваше одлично, но клубот сепак реши да не го откупи неговиот договор.

„Јас по природа сум офанзивен играч — „треквартиста“, но денес има малку фудбалери кои играат на таа позиција. Можам да се прилагодам и да се трансформирам според потребите на тимот, па секогаш се трудам да го дадам најдоброто од себе“, додаде Елмас.

Наполи веќе се соочува со притисок во Лигата на шампионите, иако го победи Спортинг Лисабон со 2-1 на домашен терен, но потоа доживеа убедливи порази на гостувањата против Манчестер Сити и ПСВ Ајндховен. Синоќа одигра реми без голови против Ајнтрахт Франкфурт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови