Connect with us

Шок во Англија: Фудбалски агент му вперил пиштол на фудбалер од Премиер – лигата

Фудбалер од Премиер – лигата бил заплашен со пиштол на улица во северен Лондон од познат спортски агент. Според угледниот британски весник „Тајмс“, фудбалскиот менаџер, кој има околу 30 години и претставува неколку играчи од елитата, бил уапсен по инцидентот што се случил во Барнет во септември.

Лондонската полиција соопшти дека бил заплашен и уште еден маж, за кој се верува дека е роднина на фудбалерот.

Во официјалното соопштение на лондонската полиција се наведува дека полицајците биле повикани во 23:14 часот во саботата, на 6 септември, „по пријава дека маж на возраст од околу дваесет години бил заплашен со огнено оружје на улицата „Cockfosters Parade“ во Барнет“.

„Службениците разговарале со жртвата и во текот на истрагата било утврдено дека друг маж, исто така во дваесеттите години, бил цел на наводна уцена и закани од истото лице. Нема повредени во ниту еден од двата инцидента. Маж на возраст од 31 година бил уапсен во понеделник, на 8 септември, под сомнение за поседување огнено оружје со криминална намера, уцена и возење без дозвола. Тој е пуштен на слобода со кауција додека трае понатамошната истрага“, се додава во соопштението.

Според извор цитиран од „Сан“, кој прв ги објави деталите за случајот, фудбалерот бил „разбирливо бил потресен. Тој веднаш го пријавил инцидентот“, додал изворот. „Тоа беше правилен потег за негова безбедност. Добил поддршка од своите пријатели и клубот, и сите се надеваат дека настанот нема да влијае на неговите настапи.“

Според британскиот таблоид, фудбалерот чии идентитет не се открива е помлад од 30 години, а неговата пазарна вредност се проценува на околу 60 милиони фунти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови